Објавено на:

Рама пак брутален: Кандидатскиот статус е еден вид таблета против депресија

t

Албанскиот премиер Еди Рама за емисијата „Talking Europa“ на France 24 задржувајќи се на преговорите и самитот во Брисел, вели дека Албанија не е таа што направила бавен процес кон ЕУ, туку Европската Унија е таа што го забавила напредокот на овој процес.

Кандидатскиот статус во ЕУ тој го опишува како „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите“, но смета дека е во „право да ги признае Украинците како нација што прават многу
за нас, зашто тие спречуваат најмногу да напредува страшна контра-реформа во светот што Путин сака да ја наметне“.

Додава дека повеќе не е фрустриран, туку е тажен поради неуспехот на ЕУ да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Македонија.

-Не е Албанија која бавно напредуваше кон ЕУ, туку ЕУ забави. Не сум фрустриран, туку многу тажен поради неуспехот на Европската унија да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Македонија, нагласува Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…