Објавено на:

(Видео) Рама повторно саркастичен: Поздрав од Источна Македонија

t

„Поздрав од Источна Македонија“, им се обрати албанскиот премиер Еди Рама на европските лидери во Брисел. Видеото го објави албанскиот медиум РТК.

Тој повторно упати саркастична порака за однесувањето на Европската Унија кон македонско-бугарскиот проблем. На бината, каде што лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираат заедно со челниците на Унијата, Еди Рама, пристапувајќи им на специфичен начин, им се обрати на лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Во написот од РТК се вели дека другите лидери на земјите од регионот само протоколарно се поздравиле со шефовите на ЕУ.

Неговата шега доаѓа непосредно по Самитот во Солун, кога тој пред грчкиот премиер Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц ја нарече Македонија, „Западна Бугарија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите:…

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5…

ЕУ дели бесплатни карти за патување низ…

Европската комисија повторно им подарува билети за…

Ренесанса во Полска: Прераснува во извозна сила,…

300.000 илјади Полјаци се вратиле дома само…

Маричиќ: Ја имаме најголемата шанса за влез…

Вечерва од Кисела Вода, Меѓународниот секретар на…

Лавров: Русија не сака да ги напаѓа…

„Русија не сака да ги напаѓа земјите…