Рама: Путин сака хаос во земјите на НАТО

t

Албанскиот премиер Еди Рама, попладнево упати остри критики кон опозициската Демократска партија (ПД), обвинувајќи ја дека го следи правецот на рускиот претседател Владимир Путин кој „посакува хаос во земјите на НАТО”.

Осврнувајќи се на континуираните апели на опозицијата за протести, Рама рече дека штета се нанесува на Албанија, бидејќи тие нема што да добијат.

„Путин сака хаос во земјите на НАТО. Локалните избори кај нас се во мај следната година. Што треба да значи тоа што го кажуваат: ќе дојдеме, ќе ја земеме канцеларијата, ќе го земеме покривот, ќе го земеме балконот. Ајде луѓе разбудете се. Мислите дека не е поврзано? Не, има голема поврзаност. Нема да земат ништо а голема штета и прават на Албаниа“, рече Рама на собир во северниот град Тропоја.

Обвини дека „опозицијата за сметка на Кремљ ангажира дел од Албанците кои несвесно стануваат нивни алатки”.

„Овие алатки се платени за оваа работа. Му зеле на Кремљ половина милион долари, за да ја урнат Социјалистичката партија од власт. Излегува дека шаторите биле финансирани со руски пари (протестите пред неколку години на опозицијата со поставување шатори)“, посочи Рама.

Тој и претходно обвини за директно руско влијание во неговата земја поврзувајќи го тоа со „лажните вести во медиумите, како и финансирањето на опозициската Демократска партија”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

И директори на МТВ во македонската делегација…

На политичката сцена во Македонија се уште…

Кулеба: Украина не може да чека уште…

Ветувањето дека Украина ќе стане членка на…

СДСМ: Мицкоски на НАТО самитот беше маргиналец,…

Откако спадна прашината која ја креваше ВМРО-ДПМНЕ…