Рама: Путин ја разбуди ЕУ, унгарското претседателство со Советот на Европа многу силно ги турка нештата за членство

t

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија е решена секој ден да се бори за своето членство во ЕУ и оти значително напредувала во оваа насока благодарение на поддршката на унгарското претседателство.

На заедничката прес-конференција со унгарскиот колега Виктор Орбан, Рама истакнал дека Албанија направила значајни чекори напред во преговорите за членство и дека верува оти земјата во оваа деценија може да стане дел од Европската унија заедно со другите земји од регионот.

-Албанија дефинитивно и припаѓа на Европа. Овој пат имаше силен притисок од унгарското претседателство, што придонесло за забрзување на процесот на интеграција, изјавил Рама.

Во однос на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, Рама ја истакнал важноста од зајакнување на односите со Европската унија и блиската соработка меѓу земјите од регионот.

Нагласил дека Западен Балкан мора да биде обединет со ЕУ и да стане непопустлив на надворешни малигни влијанија.

-До пред многу години разговорот со ЕУ беше незамислив, денес успеавме да направиме големи чекори напред, додал тој.

Еден од главните фактори кои влијаеле на овој напредок, според Рама, е забрзувањето на европските политики за соочување со надворешните закани, особено влијанието на Русија.

-Една од причините што ја зголеми итноста за оваа соработка е Владимир Путин, кој ја разбуди ЕУ, нагласил Рама, кој учествуваше на Самитот Европската политичка заедница во Будимпешта.

Следниот самит како што најави ќе се одржи во Тирана, во првата половина од идната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…

Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…

Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…

Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…

Резеврите на злато, кои се дел од…

Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…

Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…

Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…