Рама: Русите што не сакаат да војуваат се добредојдени во Албанија
Премиерот Еди Рама изјави дека руските граѓани кои бегаат од мобилизација се добредојдени во Албанија.
– Русите кои ја напуштаат земјата затоа што не сакаат да војуваат, се добредојдени во нашата земја, рече Рама.
Тој го повтори ставот на Албанија дека стои на страната на Украина и не го признава референдумот организиран од Русија во некои нејзини области.
Тој деновиве и во обраќањето на Генералното собрание на ОН го кажа овој став додавајќи дека ” во некои делови на окупираната територија на Украина под закана со оружје се одржува референдум фарса”.
– Тешко е да се замисли дека некој овде може тивко да го прифати ова срамно непочитување на законите, правилата, нормите, практиките што ги регулираат односите меѓу државите во 21 век. Овие акции се против меѓународното право и многу повеќе. Тие не само што не ја одразуваат слободната волја на народот на Украина, туку нудат мизерен спектакл на исклучување од сè што нè зближува под покривот на Обединетите нации, додаде Рама.
Посочи дека неговата земја ги осудува овие ” фабрикувани дејствија во Москва” и оти неговата земја ” не признава ниту една од овие незаконитости”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…
Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…
Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…
Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…
Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…
Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…
(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…
Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…
Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…
Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…
