Рама се налути: Албанија е заложник на спорот меѓу нашиот сосед Македонија и Бугарија
Рама рече дека нема друго решение освен трпение на овој пат и изрази загриженост за многуте проблеми со процесот на евроинтеграции.
– Процесот кон ЕУ е невротичен процес. Албанија е заложник на ќорсокакот меѓу нашиот сосед, Македонија и Бугарија. Тоа е една од оние ситуации што ЕУ може да ги создаде. Нема книга и искуство, ниту какво било објаснување како може да се третира. Како можеш да останеш заложник на споровите меѓу двете земји. Но, еве тоа е -како што велеше Доналд Трамп. Не смееме да го изгубиме трпението и желбата за Европа, рече меѓу другото Рама во своето обраќање.
Истакна дека Европа е во секој план на Албанија и е првиот слободен избор на неговата земја, бидејќи „досега сме биле под власта на различни империи против нашата волја”.
– Целта на Албанија е да ја промовира соработката и мирот во Европа. Во нашите планови нема друга алтернатива освен Европа имаме многу да му дадеме на регионот бидејќи проблемите можат само да создадат поделби, порача Рама.
На Конференцијата учествува и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Некој пукал во бик со воздушна пушка…
Жител на тетовското село Волковија пријавил во…
32 бебиња се родиле викендов на ГАК!
Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…
Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…
Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…
Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…
Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…
Во пожар кој избувнал вчера во селото…