Објавено на:

Рама со порака до демонстрантите: „Кој заборава од каде доаѓа, повеќе не знае каде оди“

t

Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи им се обрати на демонстрантите во Тирана, кои ги нарече „Фламингоси“, порачувајќи дека правото на протест е легитимно, но дека не смее да се претвори во насилство и судир со институциите.

Во долгата порака, придружена со видео, Рама истакна дека многу од учесниците на протестите искрено бараат подобра иднина за Албанија и имаат право да го изразат своето незадоволство.

„Не грешите ни денес ако се чувствувате добро барајќи повеќе од оваа земја“, порача премиерот, додавајќи дека желбата за промени е оправдана.

Сепак, според него, протестите биле искористени од поединци и групи кои имаат цел да предизвикаат насилство и да ги нападнат демократските институции. Рама оцени дека дел од демонстрантите несвесно станале дел од поширок политички наратив што не ги одразува нивните првични намери.

Тој предупреди дека употребата на сила против институциите и оправдувањето на насилството претставуваат опасен чекор за државата, нагласувајќи дека Албанија не смее да дозволи да биде нарушен процесот на европска интеграција.

Во својата порака, Рама се осврна и на претходните политички кризи и протести, истакнувајќи дека историјата треба да биде поука, а не причина за нови поделби.

На крајот, ги повика демонстрантите да продолжат да ги изразуваат своите ставови и барања по мирен пат, порачувајќи дека „историјата треба да биде компас, а не товар“, завршувајќи со зборовите: „Кој заборава од каде доаѓа, повеќе не знае каде оди.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама со порака до демонстрантите: „Кој заборава…

Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на…

Руте: Земјите-членки на НАТО ги зголемија расходите…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…

Нетанјаху бара САД да не и продаваат…

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска побара…

Во Франција беснеат пожари – евакуирани повеќе…

Седум области од јужна Франција се под…

ДУИ нема проблем со електронско гласање, се…

Опозициската ДУИ нема проблем дијаспората да гласа…