Рама со препорака до ЕУ: Тесно да се соработува со Србија

t

Земјата домаќин, Албанија, има големи надежи за самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи утре во Тирана, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама и посочи дека ЕУ треба особено „тесно да соработува со Србија“, која не се приклучи на санкциите воведени од ЕУ кон Русија.

Рама претходно ја критикуваше ЕУ за одложување на приемот на нови земји-членки, а дека шесте земји кои се во фокусот на утрешниот самит – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија – добиваат гаранции за нивното брзо членство со години.

– ЕУ и треба Западен Балкан исто како што на Западен Балкан му е потребна ЕУ – рече Рама, пренесува АП.

Тој посочи дека самитот на ЕУ што почнува утре во Тирана покажува дека поради војната во Украина, ЕУ ги зголемила геостратешките интереси во регионот на Западен Балкан.

– Моментот е фантастичен. Ова никој не можеше да го замисли до пред две години, а сега се случува – изјави Рама во интервју за Асошиејтед прес.

Премиерот на Албанија утрешната средба ја нарече „најважниот настан во историјата на (албанските) меѓународни односи, истакнувајќи дека поранешната комунистичка влада била „целосно отсечена од светот и од Европа“ до 1990 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…

ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…

Македонија и во најновиот извештај на Европската…

Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват…

Европската комисија претстави нови насоки со кои…

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…