Рама со шамари за Зеленски: Косово ве поддржува, а вие уште не го признавате, преиспитајте си ја одлуката
Премиерот на Албанија, Еди Рама вчера од Киев изјавил дека Украина не ја признава независноста на Косово, но и дека покрај тоа, Косово ја поддржува Украина од почетокот на конфликтот и воведе санкции кон Русија, пренесува „Albanian post“.
„Морате да го преиспитате признавањето на Косово бидејќи тие го заслужуваат тоа“, рекол Рама за време на средбата со украинскиот премиер Денис Шмихал.
„Би било добро Украина да ја испрати вистинската порака за новата европска реалност што сакаме да ја изградиме“, додал Рама.
Според претседателот на албанската влада, Косово докажало дека не е заложник на минатото.
Претходно, на прес-конференција со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Рама рече дека постои „шеста земја на Западен Балкан, која Украина сè уште не ја признала, но која сепак воведе санкции и му даде целосна поддршка на Киев“.
Исто така, албанскиот премиер му порачал на Зеленски дека земјите од Западен Балкан немаат проблем со доделување кандидатски статус на Украина за членство во ЕУ.
Рама нагласил дека сите пет земји од Западен Балкан, кои се членки на Обединетите нации, ја поддржуваат Украина, без разлика на нивниот однос со Русија.
„Западен Балкан има пет земји во Обединетите нации. Сите тие се на страната на Украина, без разлика на контекстот и односите со Русија, бидејќи сосема е различно како ние гледаме на светот во однос на Русија“, заклучил тој
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…
Марта Кос за министерката што рече „етнички…
Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…