Рамнодушноста ја убива демократијата: Зошто наместо функционална, имаме формална демократија?

t

Зошто наместо функционална, имаме формална демократија?(6.)

Политичка лингво-патологија

Во една ваква сериозна анализа(денешната колумна и изминатите пет),за фукционирањето или не, на демократијата во Македонија неопходно е да се постават следните прашања:

Дали во Македонија политиката има шанси да стане една угледна, управувачка дејност, професија, вокација?

Може ли Македонија да биде земја каде се развила традиционална демократска свест и граѓанска култура?

Овие прашања се многу значајни. Одговорот пак на истите, може да биде судбоносен за политиката и демократијата во неа. Зошто? Затоа што, во земја каде што нема таква свест(демократска) и култура(граѓанска), политиката поминува во патологија, во психопатологија, во лингво-патологија.Во фрустрации и трауматизирање, кои во крајна линија, како по некое не пишано правило, завршуваат сополитичко и физичко насилство.

Ајде да се запрашаме: Знаеме ли точно на кое не/демократско ниво се наоѓаме во поглед на политиката што политичките партии ја практицираат во Македонија? Разочарувачки, ама мора да се соопшти дека нашето ниво е ниско, многу ниско, барем според политичкиот јазик, дебатата и јавната реторика, вокабуларот и сиот лингвистички и ментален инвентар на изразување во изборните кампањи на напред наведените избори.

Сведоци бевме на политички несогласувања кои прераснаа во отворени конфронтации, судири и негирања, кои се вовед во ментална патологија што користи свој специфичен вокабулар, пореметена  и извитоперена јазично-референтна мапа и арсенал на навреди, метафорични мутации и зоолошки експресии. Севкупно, што би рекол духовитиот Димитар Мирчев, истоветно како еден познат новински наслов: “Во скопската  зоолошка градина – пореметени меѓучовечки односи…“(Димитар Мирчев, Македонија во транзицискиот тунел – Политоскоп и сатирикон на последната петолетка, Круг, Скопје, 201)

.Недостасува поизразена и подинамична општествена мобилност

Кога се дава ваква констатација, како во меѓунасловот, не знам, не сум сигурен што е по штетно за демократијата:

  • непочитувањето и погазувањето  на демократски изразената волја на граѓаните-избирачи (од политичките партии на власт), што дефинитивно демократијата ја прави болна и “килава“, или пак
  • рамнодушноста, незаинтересираноста и не партиципацијата(од страна на маргинализираните и понижени граѓани) во демократските институции, процеси и односи.

Ова последново може “да ја убие“ демократијата.

Сепак едно е сигурно: Политичките партии, во најголема мера, повеќе не ги претставуваат ставовите и мислењата на граѓаните-избирачи. Следствено, и не се залагаат за нивните интереси.

Со партиите доминираат елити, забегани и спротивставени, кои се посветени на партиски и лични цели и интереси. Тие секојдневно водат “војна до истребување“ помеѓу себе, ама проблемите и понатаму остануваат не решени.

На македонската демократија и недостасува, жива, јавна и отворена дебата, а не само декларативни залагања за неа. Секако, и вистинска граѓанска партиципација, од локално ниво  до државно.

Сите овие изложени состојби, образложени факти и изнесени констатации ни го даваат вистинскиот одговор на сите прашања за нефункционалноста на македонската демократија. Па така во Македонија демократијата е повеќе формална одошто вистински функционална, воглавно од следните причини:

  • правната држава не функционира, не се почитува правото и правниот систем. Наместо закони, владеат забегани политички елити;
  • недемократски јавен дијалог помеѓу партиите, кој е формален, не транспарентен, не принципиелен и не демократски;
  • отсуство на внатрепартиска демократија( во политичките партии не се создават и развиват демократски односи и процеси);

Не треба да се занемари и еден многу важен момент, тоа е граѓанското општество.

Граѓанското општество на Македонија комплетно затаи, од аспект на мониторинг на изборните кампањи и изборниот процес. Тоа и така е фрагилно, ама и во овој случај се покажа тотално неактивно, т.е. пасивно и воопшто не влијателно(Гордана Силјановска-Давкова,THE PARTICULARITY OF DEMOCRATIC TRANSITION OF THE NEW STATES IN THE WESTERN BALKANS: THE CASE OF FORMER YUGOSLAV REPUBLICS, part of the book Key Developments in Constitutionalism and Constitutional Law, ELEVEN International publishing, hague, 2014). Целата негова структура(невладини организации, бизнис асоцијации, синдикални организации и професионални здруженија) делуваше незаинтересирана, отсутна и чудно замолчена.

Овде треба да го поставиме круциалното прашање:

Дали избирачите кои гласале за коруптивни политичари/партии(од кои примиле изборен поткуп во вид на државни платежни картички или во кеш), и самите се коруптивни?

Одговорот на ова прашање е комплексен, во смисла дали предност ќе се даде на тешката социјална состојба на граѓаните, или пак на нивната недоволно развиена демократска свест.

Се додека суштински и радикално не се променат овие незадоволителни состојби, демократијата во Македонија во најголема мера ќе го задржи и во блиска иднина ќе има формален карактер.

(продолжува)

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најнова анкета: рејтингот на Бајден падна на…

Најновата анкета покажува дека Бајден има сериозен…

Милановиќ: ЕУ „страда од ужасен недостаток на…

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, оцени дека…

Германија ги зголемува трошоците за култура и…

Новата министерка за култура на Германија, Клаудија…

Германското МВР бара отстранување на „непријателите на…

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер,…

Последниот натпревар на Ердоган: Ќе ја поткопа…

Во текот на изминатите неколку месеци, турскиот…