Рано да се следи настава без маски, смета министерот Шаќири
Бројката на отсутни ученици и наставници на дневно ниво е околу 0,02 што не значи дека сите тие се отсутни поради Ковид-19, изјави вечерва министерот за образование и наука Јетон Шаќири во гостувањето во Тема на денот во Дневникот на Сител.
Тој истакна дека ќе ги почитуваат одлуките што ги носи Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на образовниот процес. Смета дека се уште е рано да се следи настава без маски.
– Како Министерство имаме секојдневна комуникација со сите основни и средни училишта. Бројките на отсутни наставници и ученици во сите основни и средни училишта се движат околу 0,02 на дневна основа што не значи дека сите тие се болни од Ковид-19, рече Шаќири.
Апелираше сите учесници во образованиот процес да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид-19 и надвор од училиштата затоа што, како што посочи, според епидемиолошките анкети, има случаи во кои лицата позитивни на Ковид изјавиле дека имале контакт за време на викендот.
Во однос на реакциите на дел од родителите дека како дел од препораките се отвораат прозорци за време на наставата, Шаќири со став дека проветрувањето на училниците треба да се прави за време на одморите.
Прашан дали реформата со дигиталните учебници ќе продолжи, Шаќири рече дека многу важно ќе биде во следниот период да се земат предвид проценките на сите чинители во овој процес. Негов личен став е дека покрај дигиталните учебници, децата треба да имаат и печатени учебници. Истакна дека е отворен за дијалог со сите засегнати страни со цел да се креира долгорочна стратегија во образованието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…