Ранѓеловиќ за жестоката средба Трамп – Зеленски: Мизерно и примитивно

t

Политикологот Иво Ранѓеловиќ денеска во емисија на ТВ21 ја оцени како мизерна и примитивна жестоката караница во Белата куќа меѓу претседателите на САД, Доналд Трамп и на Украина, Володимир Зеленски.

Како што вели, САД се светска сила и не требало да си го дозволат ова.

„Беше исклучително мизерно и примитивно. Не постои администрација во историјата на САД каде се довела до вакво нешто. Не е важно дали од другата страна е Зеленски, Путин или од оваа Трамп, не би смееле да си дозволат вакво нешто, сепак е пресериозна работа, на крајот на денот вие сте ја поканиле таа делегација“, вели Ранѓеловиќ.

Според него, ова никому не му оди во прилог ова, па дури и на САД.

„Зеленски посочуваше дека тоа што претходната администрација го правеле, а сепак е политика на САД, и тоа е точно, затоа што секоја една админитрација е виновна за тоа што се случувало и од минатата администацијата. Во првиот мандат на Трамп, огромни средства одеа кон Украина се вооружуваа до заби, така што политиката на Трамп беше дел од онаа политика во која се повикуваа Бајден, Буш, Клинтон и Обама, така што не беше многу различен пристапот од првиот мандат, за сега да имаме ригорозна политика. Ова е шок за свет, САД и Русија да се иста на страна…“, додава Рангеловиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…