Раперот Дон Џони, кој сними спот во Македониумот: Не сакавме никого да навредиме

t

Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по реакциите што ги предизвика снимањето на неговиот нов спот за песната „Секси мама“ во внатрешноста на споменикот „Илинден“ во Крушево, познат како Македониум.

Во објава на социјалните мрежи, Дон Џони порачува дека ниту тој, ниту неговиот тим немале намера да провоцираат, да навредуваат или да ја омаловажат вредноста на местото и неговата симболика.

„Локацијата беше само дел од сценариото и ја избрав поради продукцијата. Немаше навредливи пораки, тенденција за провокација или каква било друга цел“, наведе раперот.

Тој нагласува дека целта била исклучиво уметничка и продукциска и дека немало намера да се навреди кој било национален симбол.

Фактот што Македониумот, во кој се наоѓа и гробот на Никола Карев, бил издаден за снимање спот за песна насловена „Секси мама“, како и тоа што раководството на Историскиот музеј во Крушево утврдило дека е соодветна цената од „500 евра за 5-6 часа“, предизвика лавина од реакции во јавноста, по што денес беа принудени да се огласат и надлежните.

Министерот за култура, Седат Сулејмани, на прес-конференција за друга тема рече дека случајот „навистина е чувствителен“, како и дека „ќе видиме со правните служби како ќе може понатаму или со некоја законска измена да дејствуваме, бидејќи во овој момент има законско право за изнајмување, но директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти, треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина“.

Реагираше и премиерот Христијан Мицкоски, кој во име на одговорните ѝ се извини на јавноста за пропустот и најави дека ќе побара разрешување на директорот на Историскиот музеј во Крушево и на членовите на Управниот одбор на оваа институција. На крај, директорот на НУ Историски музеј – Крушево, Миха Оџаклиески, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, наведувајќи дека одлуката е „личен, морален и етички чин и израз на одговорност кон институцијата и кон јавноста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раперот Дон Џони, кој сними спот во…

Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…

Маж приведен на ГП „Блаце“

На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…

Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец

Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа

Македонија се најде меѓу европските пазари со…

Сомнителен плик од Германија предизвика тревога во…

Тројца луѓе биле пренесени во болница откако…