Раскол во Алтернатива? Скендер Реџепи го бојкотираше Конгресот

t

Незадоволство на првиот конгрес на Алтернатива за ефикасноста во власта и за програмските определби за кои партијата на Африм Гаши стана дел од Владата. На конгресот не присуствуваше пратеникот Скендер Реџепи. Тој не е задоволен од настапот на неговиот субјект во Владата за целите за кои станале дел од Владата. Запрашан дали тоа значи раскол, Реџепи вели дека не дошол за да не се случи токму тоа, но дека во суштина има барања за одговорност од раководството.

„Пред неколку денови јавно ги кажав моите ставови во врска со учеството на Алтернатива во Владата, како и моето незадоволство што не се спроведува ниту една точка од договорот. Посакувам што поскоро да се реализираат предвидените програмски определби бидејќи интересот на граѓаните треба да биде над личниот интерес. Моето неучество беше токму за да се избегне можноста од поделби и се очекува реакција од раководството за владината платформа“, изјави Скендер Реџепи, пратеник на Алтернатива

Но, Гаши вели дека Реџепи не бил единствениот делегат кој не дошол и оти одлуката е лична.

„Беше поканет како и сите други делегати кои не дојдоа. Сите ги знаат причините, но поканата им беше врачена на секој посебно до секој партиски делегат“, изјави Африм Гаши, претседател на Алтернатива

За неспроведувањето на програмските точки за кои Алтернатива стана дел од Владата, како што за решавање на монтирани случаи и одредување датум за преговори со ЕУ, Гаши рече дека бил свесен за можноста за неспроведување и во моментот кога го направил договорот со поранешниот премиер Зоран Заев.

„И тој ден не бев сигурен дека секоја точка ќе се реализира. Она што сакав да го направам е дека како политичка партија ќе треба да бидеме транспарентни и да влеземе во Владата со пишани и објавени договори за граѓаните да знаат на што сме посветени, да ја следат нашата работа и колку точки сме реализирале. Во моментот кога ќе бидат распишани избори, ќе се појавам пред вас и ќе ви кажам за секоја точка, дали се реализирала или не и кои биле причините“, изјави Африм Гаши, претседател на Алтернатива

Инаку, Гаши е против предвремени парламентарни избори, а за измените во Изборниот законик рече дека неговата партија ја поддржува идејата за една изборна единица. /Алсат.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велика Британија бара алтернатива за Visa и…

Британската влада го повика банкарскиот сектор да…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

БРУКА ОД СООПШТЕНИЕ: Алтернатива, наместо да бара…

И ова го дочекавме... Алтернатива во траги-комично…

Ова е “независна држава”: Алтернатива бара судството…

Од политичката партија Алтернатива денеска побараа судството…

Излегоа од Влада ама не им откажуваат…

Партијата Алтернатива денеска во Тетово одржа седница…