Раскол во ЛДП: Висок функционер се скара со „зелката“ – претседателот на партијата
Веќе подолго време Горан Милевски „Зелката“ како што го нарекуваат по широк сокак, ја води ЛДП како фамилијарно гранапче, без никакво почитување на статутот како највисок акт, а во последниов случај и непочитување на одлука на централниот одбор, на која тој самиот гласал за. Што точно се случуваше на централниот одбор, јас не знам бидејќи бев присилно исклучен на почетокот од Zoom седницата поради моите лични несогласувања со претседателот и покрај негодување на голем број членови.
Со ваквиот демократски и политички капацитет, како и фејсбук политиканството, кое не доликува на демократските вредностите на ЛДП, не му преостанува ништо освен да си поднесе оставка од функцијата министер во владата, како и од претседател на ЛДП и да се приклучи на другарчињата од Левица, пишува на Фејсбук, Филип Аврачем поранешен висок функционер на ЛДП и директор на Универзалната сала поради тоа што на Централен одбор партијата гласала против францускиот предлог, а во Собранието пратениците на ЛДП гласаа „За“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад со моторна пила во Лакавица, па…
Инцидент со моторна пила и дрвен предмет…
Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар…
НАТО ќе го брани секој сантиметар од…
Четворица нападнале 40-годишник и од касата во…
Две лица на возраст од 23 и…
Речиси сите летови во Белгија се откажани…
Речиси сите летови во Белгија ќе бидат…
Мицкоски шокиран од низата случаи на семејно…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…