Раскол во СДСМ, поранешен пратеник ги подбра: Јасно е дека дечкиве имаат се шитнато!

t

Остра реакција на поранешниот пратеник на СДСМ Благоја Стојановски во врска со политиката на сегашната Влада на СДСМ-ДУИ, особено во однос на спроведувањето на бугарскиот ултиматум и продажбата на националните интереси.

Поранешниот пратеник на СДСМ вели дека националните интереси на оваа Влада, како и поранешниот премиер на СДСМ Бучковски, кој се препознава по описот, ја продале Македонија.

– Сега веќе е јасно дека дечкиве имаат се шитнато. Прво се праат дека биле у подрум и ништо ни виделе ни прочитале, Па после рано е да одлучат и чекаат сите други да донесат одлука за НАС, и полека ги пуштаат гавазите (на пример, еден одвратен бивш премиер што многу личи на Гаргамел и до сега требаше да скапе у Идризово) да кажуваат дека францускиот предлог е добар… Не жица, не дедо, баба, не мама, тато… и деца и внуци и правнуци ќе продаат издродиве… односно веќе продале, само сега ја бараат формата како тоа да ни го соопштат…, пишува Стојановски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ