Објавено на:

Распад систем? Втор ден Собранието работи без кворум за гласање, пратениците од владејачкото мнозинство отсутни

t

Нефункционално собрание, стари седници со заостанати точки по кои нема кворум да се гласа, а собранискотот раковдство за некои тпчки не ни може да обезбеди владини претставници за да се расправа по нив. Ова се обвинувањата од опозицијата откако парламентот два дена не може да изгласа ниту едно од заостанатите законски решенија.

„Кредибилитетот на Собранието е урнат до таа мера што владините претставници не се појавуваат на седници, што притоа им е законска обврска. Дополнително, не пристигнуваат никакви нови закони од Владата што е знак дека оваа Влада на Ковачевски е толку заспана и некадарна што во време на криза додека други земји носат најразлични мерки за да им помогнат на своите граѓани, СДСМ и ДУИ се однесуваат како државата да цвета, а во релноста граѓаните не знаат како да спојат крај со крај“

Опозицијата и вчера реагираше на лошата работа на парламентот. Од таму реагираа дека власта не може никако да обезбеди кворум за гласање што укажува дека власта го нема потребното мнзоинство.

Од пратеничката група на СДСМ пак, возвраќаат: ТЕЛОП „мнозинствотот е стабилно, сигурно и работи во интерес на граѓаните. Со политиките што ги реализираме може да има индиции само за негово зголемување“.

Сепак, нема одговор зошто и денеска гласање по точките на дневен ред немаше поради отсуство на пратеници од владејачкото мнозинство и се работеше во полупразна сала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…