Објавено на:

Распишана меѓународна потерница по кочанецот кој избега од полициска станица

t

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, кој неодамна избега од Полициската станица во Кочани.

Како што соопшти МВР, потерницата е распишана по барање на Основниот суд во Кочани. Лазаров се бара по централна и меѓународна потерница за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ по член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Полицијата ги повикува граѓаните доколку имаат информации за неговото движење или местоположба, веднаш да ги известат најблиската полициска станица или Министерството за внатрешни работи. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Безбеден град“ од 12 октомври се проширува…

Системот за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци „Безбеден…

САД се подготвуваат за инвазија на Куба?!

Американската армија започнала проценка дали во рок…

Јаневска очекува проектот за доградба на двете…

Проектот за доградување на двата објекта наменети…

СООБРАЌАЈКА КАЈ „НОВА МАКЕДОНИЈА“ – Повреден доставувач…

Сообраќајна незгода се случи денеска на булеварот…

НЕОФИЦИЈАЛНО: Полицијата повторно во акција за примање…

Во Скопје, во полициска акција, неофицијално е…