По бугарскиот сега и грчкиот пасош ќе се дели како бонбони – Само треба да го докажете ваше грчко потекло!
Грција повлекува потег, кој во Македонија ги „остава без зборови“ и поддржувачите и противниците на Преспанскиот договор. Наместо исполнување на малкуте обврски што ги има со овој договор, Грција на веб-страницата на својата амбасада во Скопје, повикува секој во земјава што може да ги докаже своите грчки корени – да аплицира за грчко државканство.
„Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина”, пишува во јавната објава на грчката амбасада во Скопје, со линкови како може да се аплицира, условите и документите што се потребни. Основните чекори за процесот на добивање грчко државјанство, се или преку родител или баба/дедо од грчко потекло.
Процесот започнува во грчкиот конзулат во место на живеење, каде што можат да ги добијат потребните упатства за секоја фаза, се наведува во објавата.
Запознатите со оваа кампања на Грција, велат дека ова не е стара историска кампања, туку е дел од поновата иницијатива на грчката држава насочена кон Грците во дијаспората и лицата со грчко потекло. Кампањата почнала да се користи по реформите во постапките за стекнување државјанство во периодот 2023–2024, кога Министерството за надворешни работи и Генералниот секретаријат за државјанство започнале поинтензивно да ги информираат потомците на Грците дека можат полесно да го утврдат своето право на грчко државјанство.
Многу е веројатно дека овој повик за „зближување со татковината“ е објавен на веб-страниците на сите дипломатски претставништва на Грција низ светот, но ваквиот „циркуларен повик“ во Македонија предизвикува низа сомнежи, кои на прв инстинкт – наведуваат на помислата за модерен обид за асимилација. Ваквиот повик за докажување на грчкото потекло, ставен во контекст на комплицираната историја на македонско-грчките односи која трае повеќе од еден век, а кулминираше со Преспанскиот договор, (деградирачки за македонскиот национален идентитет и држава), неизбежно ги активира прашањата за можноста и правото на т.н. Егејци (родени и прогонети од Грција за време на Граѓанската војна 1947 година) и нивните наследници да добијат грчко државјанство, задржувајќи ја македонската национална припадност. Многу трик-прашања се отвораат со оваа навидум великодушна покана на веб-страницата на грчката амбасада во Скопје.
Имено, законската основа е во грчкиот Законик за државјанство, а одредбите се однесуваат на лица кои имаат грчки родител, дедо, баба или друг грчки предок, ако можат со документи да го докажат потеклото и континуитетот на матичните записи.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
400.000 евра за станови, 350.000 во ѕид:…
Нови докази и прислушувани разговори беа презентирани…
Тошковски за „Мазут“: Информациите ќе ја фрапираат…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува…
Превозниците се заканија со блокади, ЕУ одговори:…
Професионалните возачи од земјите кои не се…
Калас: На Украина итно ѝ се потребни…
Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за…
Казнети првите моторџии преку „Сејф сити“: Се…
Министерството за внатрешни работи нашло техничко решение…