Расте бројот на жртви во Грција: Седум тела извлечени од згмечениот вагон-ресторан
Седум јагленосани тела на патници биле утрово извлечени од остатоците од еден од вагоните, со што бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се зголеми на 46 лица, соопштија од Противпожарната служба на Грција.
Портпаролот на службата, Василиос Ватракојанис, информираше дека операцијата за пребарување и извлекување на местото на железничката несреќа продолжува и денеска, а во моментов активностите се насочени кон вагонот-ресторан, кој поради јачината на судирот бил згмечен од првиот вагон.
„Се отстранува патничкиот вагон што е врз него, а потоа ќе се отстрани компресираниот вагон-ресторан што е во форма на буквата ’Г‘. Од овој вагон утринава се извлечени вкупно седум јагленосани тела. Потврдениот број на загинати во овој момент е 46“, рече Ватракојанис.
Toj објасни дека за продолжување на акцијата за пребарување и спасување ќе треба да се пресечат метали со специјални машини и делумно да се отстранат метални елементи и процените се дека конкретниот вагон до пладне ќе се отстрани, а за останатите ќе биде неопходно операцијата да продолжи утре.
Целата операција се води под тешки услови, а повремениот дожд дополнително ја отежнува акцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…