Расте незадоволството од ЕУ: Европа нè третира како 13-то прасе
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Вараждин зборуваше за потребата од набавка на оружје за потребите на вооружените сили на Хрватска и најави дека лично ќе објави навредливо писмо од шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и посочи дека Хрватска е „ губитник“ затоа што Европската унија го третира како „13-то прасе“.
За купувањето оружје, рече тој, одлучува тој со трезорот и додаде дека за ова го предупредувал премиерот Андреј Пленковиќ уште од минатата година и дека, како што рече, не ни трепнал и не одговорил на него „ни со писмо ни со разгледница“. Затоа го нарече премиерот Пленковиќ одговорен за состојбите во хрватската армија, а за министерот за одбрана Марио Баножиќ рече дека тој е „слуга на премиерот“ кој не одлучува за ништо.
Муниција, оклоп, гранати, ракети… Празни“, рече Милановиќ и додаде дека ќе биде тешко да се надомести со оглед на кризата во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Под притисок на Хрватска, Црна Гора ќе…
Министерството за спорт и млади на Црна…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…