Расте нервозата на Косово: Синоќа бил уапсен уште еден поранешен припадник на косовската полиција од српска националност

t

Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, на својот Твитер профил напиша дека е уапсен поранешниот српски полицаец Слаѓан Трајковиќ. Сопругата на уапсениот, Сузана Трајковиќ, за РТС вели дека синоќа ѝ било кажано оти нејзиниот сопруг е уапсен и префрлен во Приштина, а дека е обвинет за воени злосторства
На северот на Косово продолжуваат апсењата на косовските Срби. Како што објави српскиот радиодифузен сервис, синоќа во северна Косовска Митровица бил уапсен Слаѓан Трајковиќ, еден од припадниците на косовската полиција од српска националност кои неодамна ја напуштија службата.

Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, на својот Твитер профил напиша дека е уапсен поранешниот српски полицаец Слаѓан Трајковиќ.

„Курти продолжува да лови Срби, не сака да ги смирува тензиите и да ја деескалира ситуацијата. Како се појавуваат докази против Србите кои наеднаш ги напуштиле институциите, а не постоеле додека биле дел од косовскиот систем?“, напиша Петковиќ.

Сопругата на уапсениот Трајковиќ, Сузана Трајковиќ, за РТС вели дека синоќа ѝ било кажано оти нејзиниот сопруг е уапсен и префрлен во Приштина, а дека е обвинет за воени злосторства.

Во меѓувреме, граничните премини „Јариње“ и „Брњак“ на северот на Косово седми ден по ред се непроодни поради блокадите на косовските Срби кои стартуваа по апсењето на Дејан Пантиќ, поранешниот припадник на косовската полиција. Тој беше уапсен на 10 декември по што му беше одреден 30-дневен притвор поради сомнение дека учествувал во нападот во просториите на Централната изборна комисија во Митровица.

Инаку, денеска на преминот „Мердаре“, на КФОР му е предадено барањето на владата на Србија за враќање на сто до илјада припадници на српските безбедносни сили на територијата на Косово и според Резолуцијата 1244.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…

САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…

Во тек е интервенција на пожарот во…

„Август е проклет месец“: Путин под притисок…

Украина му го отежна животот на Владимир…