Објавено на:

Расте паниkaта кај Американците поради Хаванскиот синдром: Заболени американски дипломати во Париз и Женева

t

САД сè уште не знаат што го предизвикува Хаванскиот синдром, болеста од која се разболеле и американски дипломати во Париз и Женева, откако претходно минатата година имаше такви случаи во Виена.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека целата федерална влада работи на разјаснување што ја предизвикува болеста, која погоди речиси 200 американски дипломати, службеници и членови на нивните семејства во странство.

До денес не знаеме што точно се случило и не знаеме точно кој е одговорен – изјави Блинкен во интервју за „Ем Ес Ен Би Си“.

„Волстрит журнал“ пишува дека се разболеле функционери од американските дипломатски мисии во Париз и Женева, каде што САД и Русија во понеделникот одржаа безбедносни разговори за ситуацијата во врска со Украина.

Блинкен изјави дека САД им го спомнале прашањето за болеста на Русите, но сè уште не може да каже кој е одговорен.

Мистериозната болест предизвикува симптоми како што се мигрена, гадење, губење на меморијата и вртоглавица. Таа првпат беше забележана од американски официјални лица во Хавана во 2016 година.

Работиме максимално во целата влада за да се разјасни што се случило, кој е одговорен. И да ги згрижиме погодените и да го заштитиме целиот наш народ колку што можеме – нагласи американскиот државен секретар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+документи) Што бара на иста маса Панче…

ВМРО-ДПМНЕ и техничкиот министер за внатрешни работи…

САД очекуваат Македонија да го одржи духот…

САД очекуваат Македонија да го одржи духот…

Бајден: Пристапот на Нетанјаху во Газа е…

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон…

Борел: Американскиот „одбранбен штит“ над Европа наскоро…

Американскиот „одбранбен штит“ над Европа наскоро би…

Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната против…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…