Растот на платите создава ризик од забрзување на инфлацијата, предупредува ММФ

t

Инфлацијата се намалува благодарение на затегнување на монетарната политика и на нормализирањето на цените на храната и енергенсите на глобално ниво; последните владини мерки исто така овозможија одредено олеснување, се наведува во изјавата од Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) по посетата на Скопје од 31 октомври до 13 ноември годинава и проектира дека економијата оваа година ќе расте за 2,3 проценти, а потоа за 3 проценти следната година,

Сепак, предупредува дека и понатаму се актуелните нагорни ризици од инфлацијата, при што централната банка треба да биде подготвена на дополнително затегнување доколку се остварат овие ризици.

Високиот номинален раст на платите од околу 15 проценти, според ММФ, доколку продолжи, создава ризик за повторно забрзување на инфлацијата.

– Имајќи ги предвид латентните ризици, монетарната политика засега треба да остане затегната, а Народната банка треба да биде подготвена на дополнително затегнување доколку се материјализираат овие ризици. Владата и синдикатите тука имаат клучна улога, во обид да остваруваат прудентни политики во однос на платите и пензиите. Скорешните административни мерки за контрола на цените овозможија само привремено олеснување во однос на инфлацијата и тие не треба да се сметаат за трајно решение за инфлаторните прашања, укажува ММФ.

Според ММФ, важно е брзо да се одобрат измените на Законот за Народната банка, кои ќе воспостават формален макропрудентен и резолуционен мандат, ќе ја подобрат рамката на управување на НБРСМ и ќе обезбедат автономија во поставувањето услови за вработување – што е важно за независноста на централната банка.

Тимот на ММФ и властите постигнале договор на ниво на тим во врска со првиот преглед кој се прави во рамките на Линијата за претпазливост и ликвидност на ММФ, што е предмет на одобрување од страна на Извршниот одбор на ММФ.

Од Мисијата на ММФ оценуваат дека клучната причина за забавувањето на потенцијалниот раст во Северна Македонија лежи во релативно слабите нивоа на инвестиции. Затоа, како што наведуваат, неодамнешните зголемувања во буџетот за капитални расходи се добредојдени и треба и понатаму да продолжат. Подобрувањето на управувањето со јавните инвестиции, исто така, ќе помогне подобро приоритизирање на проектите за јавни инвестиции.

Потребни се зголемувања на зелените инвестиции бидејќи, во крајна линија, деактивирањето на старите електрани кои загадуваат пред крајот на оваа деценија е нешто што не може да се избегне ако Македонија сака да ги исполни своите цели за намалување на емисиите. Поставувањето на вистински стимулации за транзиција кон енергетска ефикасност и подготовката за постепено воведување на Механизмот за прилагодување на границите за јаглеродни емисии на ЕУ се исто така важни цели. Додавањето цели за емисии и отпорност во јавните инвестиции ќе помогне во митигацијата и кон адаптацијата кон климатските промени. Тековниот напредок во зазеленувањето на финансискиот сектор исто така ќе ја олесни климатската транзиција, укажува ММФ.

Овие реформи, според ММФ, ќе бидат клучни во поставувањето на темелите за силен, одржлив раст и ќе ја поддржат земјата на нејзиниот пат кон пристапување во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ММФ предвидува раст на БДП за Македонија…

Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)…

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст…

Нашата земја годинава ќе има економски раст…

ММФ: Нè очекува бавен глобален раст

Светската економија се соочува со иднина на…

Инфлацијата во Германија се намали за дополнителни…

Инфлацијата во Германија дополнително се намали во…

Во Албанија инфлацијата во февруари 2,6 отсто…

-Растот на цените во февруари се ублажи…