Раст на прометот во индустријата

t

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 2.7 % во јули 2026 година во однос на јули лани, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2026 година во однос на јули 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.7 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 6.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, бележи опаѓање од 8.5 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, бележи пораст од 2.3 %.

На домашниот пазар има пораст од 8.5 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, зголемувањето е 3.8 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, бележи пораст од 1.9 %, додека во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, бележи пораст од 2.2 %.
Главни поенти
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 2.3 %; Производство на метали со 7.3 %; Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 1.9 %

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)

Родена е во градот Иконија од родители…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…