Расчистена тешката кражба на паркингот во Автокоманда

t

Единицата за интервентна полиција вчера лишила од слобода малолетник осомничен за „тешка кражба“ во мај годинава на паркинг во населбата Автокоманда.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот е осомничен дека кривичното дело го извршил заедно со други пет малолетници од Шуто Оризари и Топанско Поле на 8 мај 2023 на паркинг во Автокоманда, при што со употреба на алат скршиле стакла на шест возила и одзеле предмети.

-Тој е приведен во Полициско одделение Шуто Оризари, каде во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници е извршен службен разговор во врска со кривичното дело, наведува МВР.

Во изминатиот период службени разговори биле извршени и со петте други малолетници кои учествувале во извршувањето на ова кривично дело и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветен поднесок

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…