Расчистено убиството во Старата скопска чаршија – осомничениот уапсен во Косово

t

Полициски службеници од Единица за насилен криминал, Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, врз основа на наредби од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје презедоа повеќе дејствија за обезбедување докази со кои целосно беше расчистен настанот кој се случи за време на новогодишната ноќ пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при кој со остар предмет беше лишен од живот А.М.Д.(22) од Турција, а Ч.Е.(23) од Турција беше повреден.

Врз основа на обезбедените докази, Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против М.Т. (25) од Република Турција со престојувалиште во Тетово бидејќи постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Во рамките на преземените дејствија јавен обвинител нареди обдукција на починатиот, беа подигнати траги за вештачење, беа извршени разговори со повеќе лица, а беа обезбедени и снимки од видео надзор преку кои беше извршена идентификација на осомничениот.

Имено, М.Т. на критичната ноќ во кафе бар во чаршијата започнал расправија со А.М.Д. и Ч.Е., по што двајцата оштетени заедно со други лица заминале кон плоштадот. Меѓутоа бидејќи не успеале да најдат такси повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а М.Т. извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и срцето на оштетениот А.М.Д., кој починал на лице место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на Ч.Е., со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот.

По преземени оперативно-тактички мерки од страна на органите на прогонот добиени се сознанија дека осомничениот М.Т. се наоѓа во Косово, каде е лишен од слобода од страна на косовските органи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…

Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…