Рашковски на обвинителна клупа – еве какви докази има против него

t

Во Основниот Кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

На денешното рочиште беа изведувани докази коишто се однесуваат на анализите од вештачењето на трансакциите поврзани со јавните набавки извршени од првообвинетиот Рашковски.

Според вештакот Билјана Киселички, 6.455.816 денари биле уплатени на „Дигитал медиа лаб” за софтвер за определување просечна брзина, 4.168.050 денари биле уплатени на ГВЦ системи, додека 2.130.975 денари на Факултетот за информатичко општество.

Според обвинението, првообвинетиот Рашковски не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…

Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…

Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…

На четирите тинејџерки против кои се водеше…

Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…