Реакција од Град Скопје на соопштението на СДСМ
Град Скопје ниту може, ниту пак има какви било ингеренции за креирање и имплементација на енергетски и економски политики кои би ја решиле оваа криза од која најголемите штети ги трпат токму граѓаните. Небулозни се тврдењата на СДСМ кои го оставија градот во долгови, после четири години недомаќинско раководење со градот од страна на нивниот градоначалник и го оставија градот презадолжен од долгови наследени токму од СДСМ, за сега да зборуваат за работењето на оваа градска администрација.
Надлежностите се јасни и токму Владата предводена од СДСМ е таа која треба да преземе одговорност на национално ниво и покаже вистинска грижа за граѓаните, преку носење на сет од мерки за намалување на економскиот и енергетски шок со кој се соочуваме сите. Во време на најави за енергетска и економска криза уште месеци наназад, додека земјите од регионот, но и цела Европа креираат политики за брзо надминување на енергетската криза без притоа да има удар врз џебот на граѓаните, СДСМ креираше политики како секојдневно да манипулира со јавноста, упорно посочувајќи го градот и оваа градска власт како виновник за нивните поразителни политики.
Градот во оваа ситуација може да помогне со давање на предлог мерки за надминување на енергетската криза. Тоа е она што го гледаме како примери во европските земји и можеме да го понудиме и ние.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…
ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и…
Оние кои и ги направија најголемите предавства,…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Ѓорѓиевски: Скопје се гради, Македонија се движи…
Ги решивме имотно-правните пречки кај клучката „Момин…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…