Објавено на:

Реал и Милан со предност патуваат на реваншот

t

Фудбалерите на Наполи загубија на вечерашното гостување кај Милан (0-1) во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите (ЛШ), но се уште имаат реални шанси за пласман меѓу четирите најдобри екипи со оглед што за шест дена ќе играат реванш пред преполниот „Диего Марадона“.

Составот за кој сите 90 минути го одигра нашиот Елиф Елмас како т.н. „лажна деветка“ одигра добар натпревар, но во неколку наврати немаше среќа во нападите по противничкиот гол. Кварацхелија уште на стартот имаше голема шанса, но неговиот удар беше блокиран на самата гол-линија, додека во второто полувреме и македонскиот репрезентативец можеше да се радува, но неговиот удар со глава од 15-тина метри домашниот голман со помош на стативата го исфрли во корнер. Наполитанците во финишот од вториот дел играа со фудбалер помалку, по двата жолти картони за само четири минути на Ангуиса.

Во Мадрид, пак, Реал ја оправда фаворитската улога во пресметката со Челси и со по еден погодок во двете полувремиња дојде до предност од 2-0 пред реваншот во Лондон. Првиот погодок беше дело на Бензема во 21. минута, додека во 74. минута ја удвои предноста и тоа само три минути откако влезе во игра. Гостите последните половина час ги играа со фудбалер помалку, поради директниот црвен картона на Чилвел поради прекршок со кој спречи противнички фудбалер да излезе сам пред голманот Кепа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…

Трамп не се противи Кина да произведува…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…

ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена…

ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти…

Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско…

Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот…