Ребалансот на пленарна седница во понеделник, ни трага ни глас од интерпелацијата за Гаши!
Собранието за понеделник ја закажа седницата на која, меѓу другите предлог-законски решенија, ќе расправа и за ребалансот на Буџетот. Дополнетиот Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата.
Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет, по што Владата завчера, на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на Буџетот со кој, како што соопшти, се обезбедуваат плус средства – за плати и за набавка на опрема за повеќе институции.
Како што истакна на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, со подготвениот и надограден ребаланс се проектираат средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината – за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, здравството,… Обезбедени се, нагласи, средства за исплата и зголемување на платите во јавната администрација согласно сите потпишани колективни договори.
Со ребалансот се обезбедени 5,1 милијарда денари дополнително за исплата на пензии 800 милиони денари за корисниците на правото на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштита, една милијарда денари за ТИРЗ, 1,7 милијарди денари за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни, за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии, а издвоени се и шест милијарди денари за проекти во општините.
На собраниската седница в понеделник има вкупно 34 точки. Пред пратениците се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот за 2024 година, по скратена постапка, како и Предлог-завршната сметка на Буџетот за 2023 година.
Спикерот Африм Гаши се уште не ја ставил на дневен ред интерпелацијата поднесена од Левица на него, откако се случи скандалот на скопскиот аеродром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ребалансот на пленарна седница во понеделник, ни…
Собранието за понеделник ја закажа седницата на…
Апасиев најавува интерпелација за Милошоски поради неговата…
Лидерот на Левица и пратеник во Собранието,…
(Видео) Трајчулески: Со ребалансот се фаворизираат големите општини,…
Со овој ребаланс на буџетот , јасно…
Со ребаланс на Буџетот ќе се обезбедат…
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска пред…
Можен е ребаланс на Буџетот во септември,…
Ако се оцени дека е потребно, можно…