Ревизија на Фрчкоски му прави, или на државна сметка тера екскурзија во САД?

t

Колку чини ревизијата на работата на поранешниот амбасадор на Македонија во ОН, Љубомир Фрчкоски и дали е воопшто употреблива или плативме нечија прошетка во Њујорк?

Министерството за надворешни работи, кратко по доаѓањето на Тимчо Муцунски на позицијата министер во МНР, соопшти дека имале информации за „финансиски малверзации“ од страна на тогашниот амасадор на Македонија во Обединетите Нации, професорот Љубомир Фрчкоски.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека македонскиот амбасадор во ОН, Љубомир Фрчкоски, е повикан на консултации во Министерството,“ потврдија тогаш од МНР, додавајќи дека јавноста ќе биде навремено известена за сите дополнителни детали, а во медиумите беа објавени информации дека повикот на Фрчкоски е поради наводни финансиски малверзации, вклучувајќи затајување материјални средства од сукцесија на објекти, неправилно трошење финансии и непостапување по насоките од МНР.

Ревизијата над работата на Фрчкоски во Њујорк ја врши Роза Живковска, дознава Инфомакс од сопствени извори. Живковска е поранешен внатрешен ревизор во Министерството за надворешни работи, но според нашите информации моментално е во пензија, што очигледно не било пречка МНР повторно да ја повика токму за овој случај.

Она што е нејасно во конкретната ситуација е, зошто МНР ја ангажира пензионираната Живковска, наместо овластен ревизор кој има лиценци од Институтот на овластени ревизори? На веб-страницата на институтот има листи на сите ревизори кои имаат лиценци, меѓутоа госпоѓата Живковска не е на ниту една од достапните листи.

За да може МНР, доколку бидат пронајдени докази за неправилно работење, истите да ги користи во судска постапка, ревизијата треба да биде извршена од овластен ревизор. Во овој случај, барем според јавно достапните листи на Институтот, ангажираното лице не е на ниту една од тие листи за овластени ревизори. Дополнително, се поставува прашањето на каков начин, односно со каков договор Живковска е ангажирана да ја спроведе ревизијата над работењето на Фрчкоски и кој ги покрива трошоците за нејзиното патување во Њујорк?

Живковска на социјалните мрежи има објавено низа фотографии од Њујорк, меѓу кои и фотографии од прошетки, вечери, семејни средби и слично…

Што е проблемот? Дури и МНР да не ги плаќа овие вечери, госпоѓата го искористила тоа што е во Њујорк на трошок на државата за да може да си обавува приватни активности. Во продолжение, дел од фотографиите објавени на социјалните мрежи…

Откако госпоѓата се вратила во Македонија, треба да напише ревизорски извештај, кој во МНР веројатно ќе можат да го користат како хартија за оригами, затоа што истиот не може да се користи како доказ во судска постапка, бидејќи не е направен од овластен ревизор кој треба да стави потпис на тој извештај.

Колку време траела ревизијата, односно колку време Живковска поминала во САД се уште не се знае. Редакцијата на Инфомакс упати неколку прашања до МНР.

Прашавме, бидејќи се работи за ревизор во пензија, на кој начин и со каков договор лицето е ангажирано за вршење на ревизијата? Колку чини ревизијата, односно колкав надоместок ќе добие Живковска за ангажманот и дополнително, дали трошоците за патување и сместување во Њујорк се платени од РМ и во колкава сума? Дали Живковска е на листата овластени ревизори и дали извештајот кој ќе се изготви би можел да се користи како доказ во судска постапка, во случај да се утврдат неправилности во работата на поранешниот амбасадор?

Одговор од МНР до овој момент не добивме, а доколку одговорите бидат доставени по објавувањето на овој текст, истиот ќе биде соодветно надополнет со ставот на Министерството за надворешни работи.

Пробавме да го контактираме и министерот Муцунски, но истиот од поодамна ја игнорира редакцијата на Инфомакс, па така одговор не добивме ниту од него.

Фрчкоски во јули најави дека ќе се повлече од функцијата амбасадор, обвинувајќи го Министерството за надворшени работи (МНР) дека со информациите дека тој правел финансиски малверзации како амбасадор, постапува срамно и мизерно.

Реакцијата на Фрчкоски уследи откако од МНР објавија дека тој е повикан на консултации во Скопје поради наводни сомнежи за неправилности во неговото амбасадорување. Од МНР ниту тогаш јасно не ги наведоа причините за повикувањето на Фрчкоски на консултации.

„Срамна и мизерна е забелешката на службите во МНР дека амбасадорот злоупотребил службена картичка за авионски карти кон Македонија. Амбасадорот имаше итна медицинска интервенција во Македонија и беше на закопот на својот починат брат – ненадејни настани кои го примораа привремено да искористи пари од мисијата за авиобилет, кои секако деновиве ги надомести од свои приватни средства“, стои во реакцијата на Фрчкоски.

Притоа Фрчкоски го обвинува МНР дека не уплаќало пари за здравствено осигурување за вработените во мисијата во ОН во Њујорк. Според него, службите во МНР не ѝ доставуваат на Мисијата соодветни средства за лекарско осигурување на вработените во Мисијата, со што се крши законската обврска тоа безусловно да се обезбеди, а чие необезбедување повлекува кривична одговорност. Според амбасадорот, лекарско за вработените во Мисијата во Њујорк немало поради погрешно направен тендер на вработена во мисијата која сега била во кабинетот на министерот.

„Мисијата чува некои минимални средства на државната, своја сметка, во случај МНР да не обезбеди средства, а законската обврска принудува тие да ѝ се платат на здравствената компанија во САД“, наведува Фрчкоски во реакцијата.

На списокот на финансиски непрaвилности на амбасадорот Фрчкоски наводно е и немањето евиденција за парите кои ги добила Македонија од сукцесија на имотот на СФРЈ во Њујорк, поточно од продажбата на вилата на Тито, од која делот на Македонија е околу четири милиони долари. Фрчкоски во реакцијата објавува и документи за уплата во буџетската сметка на Македонија на 3.960.000 долари, насловени токму од заедничката продажбата на имотот на СФРЈ кои и припаѓаат на Македонија, за кои, како што тој наведува, службите во МНР навремено ги имале на увид.

Фрчкоски притоа го повикува Министерството, кое има инструменти, да испрати ревизија во Мисијата во Њујорк која ќе ја утврди севкупата состојбата на нејзиното работење.

На крај, се поставува едно прашање. Дали МНР и македонските граѓани платија уште една прошетка во САД, во случајов на ангажираната ревизорка, за ревизија која е апсолутно неупотреблива во судска постапка, но употреблива за ПР и фама во медиуми и на социјални мрежи? Доколку се пронајдени евентуални неправилности и МНР започне судска постапка против Фрчкоски, бидете подготвени да платите уште една ревизија, вештачење и слично, кои би можеле да се користат како доказ, бидејќи оваа прошетка не носи ништо корисно, освен пријатни моменти за ревизорката која на државен трошок ги посети Соединетите Американски Држави…

Корист може нема, ама парите се потрошени, колку е платено за патни трошоци, авионски карти, сместувања, како и за самата ревизија, останува да видиме…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ревизија на Фрчкоски му прави, или на…

Колку чини ревизијата на работата на поранешниот…

(Видео) Авион се урна на автопат во…

Најмалку едно лице загина откако мал авион…

Медиуми: Си Џинпинг нема да патува во…

Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да отпатува…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Двегодишно дете случајно пукало и ја убило…

Во трагедија која полицијата вели дека можела…