Ревизорите се сомневаат во вистинитоста на финансиските извештаи од МРТВ

t

Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Јавно радиодифузно претпријатие „Македонска Радиотелевизија Скопје“.

Во извештајот ДЗР наведува неколку клучни утврдени состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; непрецизни одредби во актот за систематизација за дел од барањата и описот на работните задачи и неусогласени акти за пресметка на плата со важечките законски одредби; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија; нецелосно спроведен попис на средствата и обврските; невоспоставено следење на преземените мерки за наплата на побарувањата постари од пет години и неправилности во планирањето, доделувањето на договорите за јавни набавки и нивната реализација.

Во издадено мислење стои дека е „мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“.

Клучни препораки на ДЗР се: донесување на стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; – прецизирање на барањата и прилагодување на описот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и усогласување на актите за пресметка на плата со законските прописи; воспоставување на внатрешна ревизија; спроведување целосен попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба; ажурирање на евиденција за следење на побарувањата и навремено преземање правни дејствија за ненаплатените побарувања од комитентите и подобрување на планирањето, начинот на спроведување на постапките за јавни набавки, како и потребата од прецизни одредби во договорите за начинот на
реализација на набавката и плаќањето.

Линк до објавениот извештај: https://dzr.mk/sites/default/files/2022-07/RR_MRTV_Skopje_29_08_2022.pdf

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…

Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…