Револтирана мајка на претепано 8-годишно дете: Полицијата ја молев да појдат до училиштето и да ги прегледаат снимките – празни ветувања добив па истите исчезнаа
Решив оваа објава да биде јавно објавена, за од уше во уше да појде кај ” господинот ” кој за една детска игра ( верувам и тој како малечок си играл така) решил да дели правда. Тој веќе мене ме знае, а јас него не и многу сакам да го запознаам, пишува Маја Дукоска на својот Фејсбук профил каде сподели непријатно искуство.
На ден 17.11.2023 после долги и упорни ѕвонења на син ми кој после часови беше излезен со другарчиња да си игра, во 14.15 ми се јавува целиот расплакан и растревожен и ми кажува дека е оставен во училиштето каде што учи. Појдовме со сопругот, го зедовме и ни кажа дека некој го натепал. Абе пријателе не си го натепал ти, туку си го здробил, си го отекол. Па тоа дете има родители колку што си разбрал, па зошто не го донесе дома, па да се разберевме како луѓе? Или си познат ептен што полицијата не мрдна со уше, оти истиот ден те пријавив тебе непознат манијаку. Ни шумската полиција не сака да те каже што те сретнала уз пат. Замисли ни служителките во училиштето кај што си го предал син ми не сакаат да кажат ништо, мислеле дека си му татко..ахахахахах…смешен ми е делот со таткото оти нас не познаваат, секој ден се гледаме, башка комшии сме. Абе вака арен си ти повеќе од пола час да малтретираш 8 годишно дете или не си, да го влечкаш истото добри 200-300 метри и да му се закануваш дека ќе го утепаш ако се јави на моите упорни повици? Изгледа не си арен. За потрагично да биде, полицијата ја молев да појдат до училиштето и да ги прегледаат снимките, празни ветувања добив па истите исчезнаа, исто и со директорката, сакала само службено.
Затоа мислам дека си некој битен, ама сепак те замолувам да се видиме оти имам едно пакетче вентил капици за тебе, оти за истите си го шамарал, боксувал и клоцал син ми. Се надевам дека ќе се запознаеме.
Поздрав.
П.с. секоја чест на исклучоци, вам ви благодарам за соработката, но сепак е без успех. Да не ве именувам, си се знаете кои сте. Љубов до вас.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=877565063808308&id=100046644666824&ref=embed_post
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…