Регулаторна утре одлучува за новата цена на горивата

t

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за цената на нафтените деривати.

Воениот конфликт меѓу Иран и САД и Израел придонесе за скок на цената на нафтата на светските берзи. Поради тоа, минатата недела имаше значителен раст на цените на нафтените деривати во земјава.

Цената на бензините се зголеми за 5 денари, а на дизелот на 14,50 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголеми за 12,50 ден/лит, додека на мазутот за 7,044 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
Масло за горење Мазут М-1 НС – 82,50 (денари/литар)
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 42,586 (денари/килограм)

И покрај минатонеделното поскапување на горивата, цените на нафтените деривати во Македонија остануваат најниски споредбено со оние во регионот.

По одржаните состаноци минатата недела, од Владата информираа дека снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно, а нафтените компании располагаат со залихи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…