Редовна колумна на Оливер Андонов – Феноменологија на една нарачана смрт

t

„Злоупотреба на службена положба и овластување се чувствувам виновен. За перење пари и други приноси се чувствувам виновен“. Излезе од судот влезе во скапоцен автомобил, со шофер и црни дипломатски таблички на извесен почесен конзулат, и замина гордо. Почесен исто што и достоен, криминалец па достоен, каква иронија!

Овој скаменет одраз на едно време се случи минатата недела во текот на судењето, поточно судска фарса, на еден од обвинетите во случајот „Империја“. Интересен псевдоним. Што ли сакаше авторот на овој псевдоним да каже од позиција на Специјален Јавен Обвинител на, уште една фарса, Специјалното Јавно Обвинителство. Можеби и кажа со тоа што заврши во затвор, обидувајќи се да биде дел од некоја „Империја“. Секое време си има своја вистина.

Предходните зборови се вистината на нашето време. Признанието на еден наш олигарх, угледен граѓанин, аристократ, достоен представник, почесен конзул на една земја од ЕУ за неговите криминалии е високиот дострел на нашата македонска цивилизација. Предпоставувам, следејќи ја традицијата, дека ова признание е дадено во консултација-договор, благодарение на завидна сума на евра, со корумпираното правосудство. Така и оваа судска сага, како и многу пред тоа, ќе заврши без соодветна санкција и стигматизација од општеството на разочарување на јавноста. Пенологија, зарем постои такво нешто? Односно почесниот, како и секој наш величествен, ќе добие казна согласно стореното недело, опљачкани неколку десетици милиони евра, условна осуда од неколку месеци, евентуално неколкумесечен престој на Струшкото крајбрежје покрај Охридското езеро. Ова е наше секојдневие во духот на прокламираните заложби, пред ЕУ и САД, за борба против корупција, „криминалот на белите крагни“ и организираниот криминал. Колку и да се обидуваме да не сакаме да ја видиме грозната вистина, тоа станува невозможно, на секој чекор се судруваме со грозното лице на нашето секојдневие. Кога криминогени лица се власт, опозиција, бизнисмени и почесни конзули дефинитивно станува збор за болно општество, непознат феномен во егзистирањето на државите но познат како причина за смртта на една држава.

Единствен начин да го разбереме овој феномен и неминовноста која следи е преку разбирањето на „Феноменологијата на духот“ на македонската нација. Односно за неговиот дух и неговото моделирање од политичко олигархиската каста, преку популистички искажувања за неговата самосвест, значење и субјектност во општествено-политичките случувања, во реалноста го позиционира како објект преку кој се реализираат политичко-олигархиските страсти за моќ, арогантност и егзибиционизам.

На територијата, која од Дедо Адам се нарекува Македонија, од дамнина живеат едни те исти „племиња“. Иако заедно живеат и секојдневно меѓу себе општат тие не се разбираат, не се препознаваат, живеат во своите мали гета ограничени со високи ѕидини, љубоморно чувајќи ги од „туѓи очи“ своите пагански традиции, не обидувајќи се да го разберат другото племе. Доколку некогаш ги знаеле и почитувале религиозните празници на соседното племе, денес не ги препознаваат ниту заедничките државни празници. Меѓусебниот говор одамна го заменија со гестикулации, популарно наречени „бодиленгвич“ сепак подобро звучи кога нештата ќе се кажат „по странски“. Единствен патоказ кон „светлата“ им иднина се нивните племенски водачи, поради ова понекогаш, за навидум да се решат некои проблем а всушност идејата е да се создадат нови, се случува средба на племенските водачи, еуфемистички наречена „лидерска средба“. На овие средби вообичаено се разговара за поделба на пленот, добиен на поклон од некоја цивилизирана држава. А Ние со страв и начучулени уши очекуваме кога племенските водачи ќе заудараат на воените барабани, за да се втурнеме едни кон други. Но тие ја покажуваат својата великодушност па го информираат племето дека се бореле за племенската меѓа, за тоа кое племе колку ниви и „човекови права“ ќе добие.

Посебниот феномен кој го изучува Феноменологијата е односот на племенските Духовници во одржување на здравиот дух кај племето. Племенските поглавици секогаш добиваат подршка од племенските Духовници, свештеници и оџи, следбеници на Мамон. Пред своите духовни чеда, за да ги „покријат“ племенските водачи, не го проповедаат Божијот или Алах-ов збор туку договорено го проповедаат „Евангелието по Јуда“. Држејќи ги во заложништво духовните чеда продлабочувајки го јазот мегу племињата, сеејки раздор и омраза. За сите несреќи на нашето племе криво е другото племе.

Живеејќи ден за ден, безидејно, безнадежно, без јасна визија за среќна иднина, изродувањето на најниските човекови страсти, сето зло, кај населението е неминовност. Национализам, шовинизам, криминал, корупција, проституција, коцка (игри на среќа подобро звучи), наркоманија, алкохолизам, насилие, семејно насилство, педофилија, уцена, изнуда, убиства…..тоа е Вистината на нашето време! Причина за Феноменологијата на една најавена смрт!

Како раритетен феномен, кој го истражува Феноменологијата на духот на македонската нација, е интелектуално – психолошкиот профил на нашите племенски представници во врховниот племенски дом, модерно наречен Парламент. Можеби суверенот и ќе ги одбере најдобрите од своето племе, кога би имал право на тоа. Нашите племенски представници се оние кои му се мили на племенскиот водач, тоа што се неграмотни, глупи, неспособни, некултурни, нецивилизирани, со недефинирана сексуална определба нема никаква важност и онака за сите нас од племето размислува и одлучува нашиот Племенски поглавица. Тоа што, потоа, ние обичните членови на племето се срамиме од „нашите“ претставници, не ги допира нашите племенски поглавици. Единствено е важно непокорно да се следи нивната криминална кауза, која, единствено, можат да ја реализираат додека ние обичните смртници со недоверба, страв и омраза гледаме кон обичните смртници од другите племиња. Сиромашни, безимени, без идентитет, без култура, без љубов, без надеж, без вера, без Бога, без Црква па кому сме Ние потребни.

Но за да феноменот биде навистина феномен и заслужи да се оформи посебна научна гранка во Феноменологијата, кај нас и феномените имаат своја градација. Така феномен над феномените, кој е еден од основните столбови, крајаголен камен на „Феноменологијата на една најавена смрт“, е политичкиот трансџендер Жмици. Оваа висока блескава титула ја освои во тешка конкуренција со останатите племенски водачи. Имено борејќи се храбро, повеќе години, конечно ја освои бласкавата титула „Идиот на годината“. Иако борбата со Министерката за надворешни работи на Германија траеше кратко, само 6 минути, политичкиот трансџендер ја искористи рационално, „успеа“ нас обичните членови на „неговото“ племе да не омаловажи, навреди, поништи по секоја основа. Такво јавно понижување на „отворена сцена“ не се помни во кратката политичка историја на оваа територија. По овој водвиљ, продолжувањето на пеењето на еден ист шлагер, пред припадниците на „своето“ племе, полититичкиот трансџендер Жмици ми прозвучува како кога мало дете се движи во темнина па тивко си подпевнува колку да го растера стравот.

… и така… доколку во оваа калакурница не ги вмеша прстите некој волшебник „од мајка роден“, најавената смрт станува неизбежна!

Дедо Герасим

Внучко, пред некоја вечер в сон ми се јави Надеж-та, знаеш онаа што остана на дното од Пандорината кутија, чудна приказна ми раскажа. На еден роденден на Господа биле повикани сите негови чинослужителки Вера, Надеж, Љубов и се така 12 по ред. Како и на секоја прослава се пиело, јадело и разговарало но две никако не разговарале помеѓусебе, напротив иако седеле една до друга биле свртени грб со грб. Што би рекол народот наш „очи не сакале да си видат“. Тогаш се јавил Господ и им рекол „Ајде Вие двете, што никогаш не разговарате меѓу себе, станете и представете се да видиме што зло си сторивте та не сакате да се погледнете!“ Станале внучко и се представиле. Едната била Доброчинителството другата Благодарноста. Запомни внучко тие никогаш не разговараат помеѓу себе!

На денот на пренесување на моштите на Св.Никифор Цариградски, во четвртата недела од Великиот пост – недела на Св.Јован Лествичник

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…