Објавено на:

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш

t

На висорамнината Думре, во близина на Белш, централна Албанија, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал.

Според првичните информации без никакви претходни потреси или предупредувања, се отворил кратер со голем дијаметар, ослободувајќи огромни облаци природен гас во воздухот и изнесувајќи илјадници тони врела сулфурна кал на површината.

– По настанот, геолози и други стручни лица излегле на терен за да ја испитаат причината за појавата и да ја проценат безбедноста на околината. Според нивните првични процени, феноменот е поврзан со акумулација на природни гасови во подземните слоеви, објави newsin.al.

Надлежните институции го обезбедиле местото и апелирале граѓаните да не се приближуваат додека траат испитувањата. Во наредниот период ќе бидат извршени дополнителни анализи за составот на гасовите и калта, како а ќе се изврши и процена на можните последици врз животната средина.

– Според првите технички извештаи доставени од стручни лица, оваа ретка експлозија се јавува како резултат на големата акумулација на природни гасови во длабочината на карстната подлога на Думре, која е богата со слоеви од гипс и сол., наведува истиот извор.

Вулканите од кал се редок природен феномен при кој на површината излегуваат кал, вода и гасови, без присуство на магма, како кај класичните вулкани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја очекува уште една сурова зима,…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…

Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека…

Премиерот Христијан Мицкоски денес телефонски разговарал со…

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

Сопругата на Александар Вучиќ: Се затвора едно…

Тамара Вучиќ (45), сопругата на сега веќе…

Поранешна Мис на Швајцарија го обвини Трамп…

Поранешната Мис на Швајцарија и манекенка Беатрис…