Режимот се врати, полицијата на Тошковски во служба на политички прогон во Демир Хисар

t

Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати.

Ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да постават партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега на граѓаните им е кристално јасно зошто беа измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи кои ги спроведе Панче Тошковски, за целосна партизација на полицијата, политички прогон и злоупотреба во партиски цели на ВМОР-ДПМНЕ.

Полицијата станува продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, а жртви се граѓаните . Денеска е директорка на средно училиште утре некој друг.

СДСМ бара веднаш да престане бруталниот притисок и незаконското разрешување на директорката Маја Лозановска. Законите мора да се почитуваат без разлика за кого станува збор.

Бараме одговорност од сите кои ја извршуваат оваа незаконска постапка и кои дозволија ставање на полицијата во служба на политички прогон, порачаа од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Фрлала со дрвја по деца кои играле…

ОВР Kичево поднесе кривична пријава против Ф.А.(73)…

Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…

Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…

Уапсен е 45 годишен скопјанец – крадел…

МВР информира дека вчера полициски службеници од…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…