Рекација на Чкембари: Полицијата без никаква селекција почна да апси наши членови, само да изгледа дека тие ја сработиле својата работа

t

Раководството на македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Пелистер ги осуди инцидентите на вчерашното дерби со Вардар во кои учествуваа припадници на двете навивачки групи.

Но, своја реакција за инцидентот имаа и самите навивачи од навивачката група Чкембари, каде дадоа свој осврт на вчерашните случувања и која ви ја пренесуваме во целост:

– Вчерашното дерби го одбележаја низа инциденти, повторно истата приказна неколку „храбри“ комити криејќи се низ обичната публика со фрлање столчиња и други предмети испровоцираја реакција и од наша страна, буквално на неколку пати до сега ја користат најподлата техника за одбрана позната како ЖИВ ШТИТ.


И сето тоа досега никој ни да го спомна ни да го осуди, напротив во медиумите ние сме оцрнети.
Не се коментира ни за повторно намерениот „пропуст” по кој знае кој пат, слободно влегување в терен, но никако и со таква поддршка да се стигни до нас, зошто за тоа не е потреба страшна облека, фантомки и слично, то не се купва во продавница!
Стигнавме до полицијата…
Како да чекаа момент да се испразни салата па јуришно тргнаа еден вод специјалци кон нас и буквално нè нападнаја без никаква причина, сите се чудевме од каде таква реакција па дури и специјалците кои до тогаш беа околу нас, настана голем хаос во кој 100т-ина навивачи паднаја еден врз друг и можеше да заврши трагично таквата неиспровоцирана реакција на полицијата.
После долго време во салата полицијата повторно БЕЗ НИКАКВА СЕЛЕКЦИЈА почна да апси наши членови, само колку визуелно да изгледа дека тие ја сработиле својата работа.
Сакаме да му се заблагодариме и на нашите браќа од Кавадарци кои секогаш се со нас, во добро и во зло, па така и денес.
За крај благодарни сме и на тие што излегоја во пресрет на уапсените Чкембари.
ЧКЕМБАРИ СЕ НЕУНИШТЛИВИ – напишаа Чкембари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГОЛЕМ ГЕСТ на “Комити” и “Чкембари”: Цел…

Иако се лути ривали на трибините, навивачките…

„Чкембари“ со кореографија го прославија 38. роденден

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го дочекаа Кил…

Официјално, почна процесот: Ова е групата која…

До Министерството за правда, до истекот на…

Рекација на Чкембари: Полицијата без никаква селекција…

Раководството на македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Пелистер…

НОВ СКАНДАЛ на натпреварот меѓу Вардар и…

Скандалозен настан денеска се случи на ракоментиот…