Реконструирани дел од пешачката и велопатека на улица “16 Македонска бригада”
ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје деновиве го реконструираа оштетениот дел на пешачката и на велопатеката на улицата 16 Македонска бригада, односно пред кружниот тек во населба Железара.
– При реконструкцијата извршен е ископ на оштетениот асфалт на дел од површината, отстранети се и оштетените бекатон плочи, а потоа се поставени рабниците, тампон слој и нова асфалтна маса на површина од 550 квадратни метри – информираат од Град Скопје.
Оттаму соопштуваат дека за асфалтирање на овој дел од патеките употребени се 90 тони асфалтна маса.
– Во текот на реконструкцијата на оваа површина, екипите ги санираа и оштетувањата на пристапната патека кон Паркот на природата Гази Баба со површина од 250 квадратни метри. Со санирањето на оштетените површини се овозможува безбедно движење на пешаците и на велосипедистите во овој дел на градот – објаснуваат градските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…