Реконструкцијата на улицата “Живко Фирфов” се интензивира
По привремениот застој, продолжуват градежните активности на улицата „Живко Фирфов“. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес изврши увид во целосната реконстукција на оваа фреквентна улица во населбата Драчево, каде во должина од речиси еден километар се врши замена на асфалтот со нов, се обновуваат тротоарите, а ќе бидат поставени и нови лед светлосни арматури.
Во комуникацијата со фирмата изведувач, тој се информираше околу досегашните пречки и начинот на кој биле надминати. Доби уверување дека во периодот што следи, ќе се работи со засилена динамика и дека роковите предвидени за завршување на овој проект ќе бидат запазени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…