Рекордна посета на Зоолошката градина за овој период од годината

t

Зоолошката градина во Скопје денес ја посетија над 2.300 гости, што е рекордна бројка за овој период од годината. Сончевото и пријатно време ја преполни Зоо градината, а посетителите од целата земја, но и од соседството можеа да уживаат во фауната, но и во богатата флора. 

Меѓу животнскиот свет посебно внимание денес привлекоа новороденчињата на мајмуните, на чија палавост најмногу се радуваа најмалите посетители. Дел од гостите на Зоолошката градина имаа можност да ги хранат и едни од најомилените животни, жирафата и да видат како им се дава ручекот на фоките, на кои во исто време им се прави и медицински тренинг и проверка.

“Вратите на Зоо градината во Скопје во зимската сезона се отворени секој ден од 08.30 до 16 часот, а цената на билетот е непроменета и изнесува 80 денари. Посетителите може да видат дел и од новите животни, да видат како е организиран зимскиот период за нив и едноставно да уживаат во прекрасно уредената градина, која е вистински одмор и за очите и за душата. Родителите среќни, децата уште посреќни“, велат од установата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…

Таткото на исчезнатиот Самоил: Се сомневаме дека…

Помина година дена од исчезнувањето на Самоил…

15-годишно девојче и нејзиното бебе исчезнаа во…

15 годишно девојче и нејзиното бебе се…