Рекордни температури во САД
Феникс, Лас Вегас, Денвер и Долината на смртта во Калифорнија забележаа рекордни температури додека топлотниот бран го погоди југозападниот дел на САД.
Националната метеоролошка служба во Феникс регистрираше температура на воздухот од 46 степени, што е еднакво на рекордот од 11 јуни 1918 година, објави АП.
Лас Вегас го израмни рекордот од 1956 година со температура од 43 степени.
Националната метеоролошка служба соопшти дека постои можност температурите во двата града дополнително да се зголемат.
Температурата на воздухот во Денвер достигна 38 степени, што е еднакво на рекордот поставен во 2013 година.
Во неколку области на Калифорнија, температурите на воздухот достигнаа високи вредности до попладневните часови, со рекорд за 11 јуни од 50 степени во Долината на смртта.
Издадени се предупредувања за прекумерна топлина за делови од северна Калифорнија преку Централната долина и сè до југоисточните пустини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…
Мнозинството граѓани во САД и во Канада…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…