РЕК Битола: Изразуваме длабоко жалење и сочувство до семејството на настраданиот, овој трагичен настан мора да биде последен

t

Целосно ја разбираме загриженоста на жителите на Новаци за безбедноста во сообраќајот кој се одвива по регионалнот пат кој минува низ селото, велат од РЕК Битола.

„Последниот трагичен настан во кој настрада жител на Новаци мора да биде навистина последен. Изразуваме длабоко жалење и сочувство до семејството на настраданиот.

РЕК Битола презеде конкретни чекори и оствари средба со економските оператори кои вршат транспорт на јаглен во комбинатот на која беше подвлечено дека безбедноста на граѓаните е приоритет. Комбинатот ќе направи се што е во рамките на неговите можности за да се спречат слични појави во иднина.

Апелираме до жителите на Новаци кои секојдневно го користат регионалниот пат Новаци – Битола, како и до сите учесници во сообраќајот на овој патен правец, да се придржуваат кон поставената сообраќајна сигнализација, како и кон условите на патот.

Благодарни сме за постојаниот ангажман на македонската полиција која често го контролира движењето на возилата на оваа делница и ги охрабруваме полицајците уште почесто и уште поригорозно да ги санкционираат несовесните возачи.

РЕК Битола е партнер на локалната заедница на село Новаци повеќе од 40 години и претставува не само најголем извор на електрична енергија во државата, туку и извор на егзистенција и на живот за новачани.

Убедени сме дека со заеднички сили ќе го надминеме и овој предизвик!“, стои во соопштението на РЕК Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во…

Лидерите на ЕУ го завршија денешниот самит…

Пентагон наводно го крие извештајот за убиството…

Американскиот Пентагон се соочува со сериозни обвинувања…

Дизелот под силен ценовен притисок: Намалените резерви…

Високите цени на дизелот предупредуваат на проблем…

Црното море станува се поопасно за трговските…

Нападите со дронови врз трговски бродови во…

Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…

Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…