Ременски во одбрана на Џафери: Референдумската иницијатива е противуставна

t

Поранешната пратеничка но и потпретседателка на Собранието на РМ, Фросина Ременски, застана во одбрана на собранискиот спикер Талат Џафери во врска со неговата одлука да ја отфрли иницијативата за референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Ременски го дели мислењето со Џафери дека ваквата иницијатива е противуставна.

Во продолжение ја пренесуваме нејзината објава на Фејсбук:

– Гледам дека дебатата околу референдиумската иницијатива се пренесува во Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ – дали ќе се прифати иницијативата за организирање на референдум или не❓

ℹ Како поранешен Потпретседател на Собранието на РМ и дел на Претседателството кое заседавало за многу важни државнички прашања од интерес за иднината на граѓаните и државата имам став околу референдумската иницијатива и правецот во кој треба да се одлучува за истата.

✅ Претседателот на Собранието на РМ, знае дека оваа иницијатива во основа е противуставна и спротивна на стратешките интереси на РСМ дефинирани во временски интервал од 30 години и со надпартиски и наднационален консензус/интерес – полноправно членство во ЕУ и НАТО.

✅ Претседателот на Собранието на РМ е дел од уставниот поредок и еден од повиканите да се грижи за заштитата на уставниот поредок и стратешките интереси на државата, а тоа значи дека, оценката за целта на иницијатива за референдумско изјаснување на граѓаните против стратешките интереси на државата, националната и регионалната безбедност е одговорност на сите три власти за грижата и заштитата на уставниот поредок и интересите на државата.

✅ Претседателот на Собранието на РМ нема обврска само формално-правно да ја оценува референдумската иницијатива, туку да навлезе во целите и ефектите од истата, односно да оцени дали периодот, ресурсите, реториката, дејствијата и целиот процес се во прилог на европската иднина, политичката стабилност и стратешките интереси на државата, или пак, билет за партиска мобилизација и тригер за етнонационализам кој ќе не’ дефокусира од европскиот пат на интеграциите.

🚩Одобрување на референдумска иницијатија за прашање кое е дел од ратификуван договор и донесен закон (според член 118 од Уставот на РСМ) е противуставна одлука која не може да се разгледува исклучиво од формално-правен аспект за (не)уредност.

🚩🚩На ова би додала дека, оваа реферндумска иницијатива (по дефиниција) е класична хибридна закана врз националната и регионалната безбедност и има за цел наметнување на перцепција, фокус, реторика, ефект и цел кои ја загрозуваат безбедноста, меѓуетничките односи и стратешките – западно ориентирани интереси на државата.

Хибридот (референдумската иницијатива) е микс на легално и нелегално. Легалното е правото на референдумско изјаснување на граѓаните, додека нелегалното е рушењето на темелите на стратешката определба, правец и иднина на државата.

Вака поставена иницијатва е легален и легитимен таргет на сите надлежни институции задолежени за заштита на правниот и уставниот поредок, стратешките интереси на дражавата, националната и регионалната безбедност.

Ефектот и целта на референдумот , според сите безбедносни индикатори не е заштита на државата од некаква „бугаризација“ (како индивидуално национално самоопределувачкао право), туку нарушување на клучниот Копенхагеншки критериум кој не е од вчера, а тоа е развивање и унапредување на добрососедските односи врз основа на одговорна надворешна и безбедносна политика.

🚩🚩Затоа, во референдумското прашање и во пропагандата за лобирање во полза на таков референдум, најмалку ќе се зборува за алтернативните решенија на предлагачите на референдумот (нема алтернативни решенија и образложенија), туку во фокусот ќе биде Бугарија, енонационализмот и историските дебати кои ќе предизвика контраефект и реакции како дека живееме во средниот, а не во 21-от век.

Македонската интелектуална и академска зсдница има многу повеќе аргументи од секакви други во насока на одбрана на европскиот контекст, корен и иднина на нашиот македонски национален идентитет на патот кон ЕУ. Не треба никој да се плаши дека академската слобода, мисла, знаење и аргумент не е препознаен од европската стручна и политичка јавност.

Погледнете ги само последните индекси за сиромаштија за евроспките земји кои не се членки на ЕУ, меѓу кои РСМакедонија е на четврто место според БДП по глава на жител и ќе Ви стане јасно зошто час поскоро треба да го фатиме европскиот интегративен воз, без патетики.

Црна Гора и Србија кои преговараат со ЕУ и поминаа неколку поглавја се многу подобри (далеку под потребното) во тој индекс на сиромаштија.

✅ Мојот личен став по ова прашање го истакнав неколку пати јавно, отворено и директно.

🚩Да не се лажеме…зад овој голем патриотизам и одбрана на Македонија не се крие ништо друго, освен одбрана од одговорноста за сите транзициски и национални предавства на економски и социјален план и заштита на финансиските интереси на најголемата олигархија која сака и се труди да диктира политичко темпо со цел да ја одложи примената на евопските кривично-правни правила за сите влијанија и злоупотреби кои загрозуваат интереси на државата, регионот, граѓаните и младите.

Зад големиот “национализам”, секогаш се крие ГОЛЕМ криминал, смета Ременски.

ЛИНК од објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…

Нема веќе нов договор: Мицкоски нема ни…

„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја…