Ременски распали: Ме изеде туѓ срам, ако ова е патриотизам немој да не браните

t

Добро е. Да не беше овој “француски предлог” немаше да се потсетиме зошто воздржувањето од говор на омраза во иднина ќе ни биде предуслов за се’, буквално за се’.

Денес од собраниска говорница една пратеничка датумот на посетата на Урсула Фон дер Лајен вчера (Германка, Претседател на ЕК) ја спореди со носење на закон за задолжителна стерилизација од страна на нацистите на вчерашен ден во 1933 година. Била дојдена да не’ стерилизира …

Ако ова е патриотизам, ако вака се брани иднината на државата и ако вака се гради пријателство со најразвиените членки на ЕУ во кои со години мигрираат децата, заради вакви “патриотски пориви” и за куп други деформации на системот кој ги абортира најдобрите, немој да не’ браните воопшто.

#ИзедеМеТуѓСрам

* Фејсбук статус на Фросина Ременски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ