Ренџери и полицајци три часа низ мрак бркале вооружени луѓе во Назионалниот парк „Пелистер“
Ренџери од Националниот парк „Пелистер“ и полицајци повеќе од три часа се движеле во мрак по тешко пристапен планински терен, на над 2.000 метри надморска височина, за да пронајдат вооружени луѓе кои навлегле длабоко во строго заштитената зона на паркот.
Од Националниот парк „Пелистер“ објавија на Фејсбук дека акцијата била спроведена на 12 август, откако по 19 часот ренџерската служба добила информации од повеќе извори од терен дека во паркот се движат луѓе вооружени со огнено оружје.
Во потрагата биле вклучени две патроли на Националниот парк, потпомогнати од полицајци од СВР Битола.
Екипите се движеле независно една од друга и пристапувале кон локацијата од две различни страни – едната од правец на селото Велушина, а другата од Инфоцентарот на Националниот парк.
По повеќе од три часа пешачење, околу 23:30 часот, вооружените луѓе биле лоцирани во близина на Голема Грива, во зона на строга заштита. Откако биле пронајдени, понатамошната акција ја презеле полицајците, се вели во објавата на НП „Пелистер“.
Операцијата завршила околу четири часот наутро на 13 август, кога биле спроведени во полициска станица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува битката со огнот во Националниот парк…
Следи уште една пеколна и долга ноќ…
Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…
Во тек е спасувачка акција на повредено…
Ренџери и полицајци три часа низ мрак…
Ренџери од Националниот парк „Пелистер“ и полицајци…
Телото кое беше пронајдено во близина на…
Телото пронајдено за време на пожарот во…
(Видео) Срничка нападната од куче спасена на…
Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија…