Објавено на:

Републиканците најавија гласање на импичмент за Бајден

t

Републиканците во Претставничкиот дом на САД во наредените недели можат да внесат на општо гласање во однос на прашањето за истрагата за импичмент на претседателот на САД Џо Бајден, соопшти денеска Вашингтон пост.

„Партискиот организатор на мнозинството во долниот дом, републиканецот Том Емер им соопшти на републиканците во домот на средба зад затворени врати синоќа дека во наредните недели членовите најверојатно ќе поднесат на гласање формално одобрение за истрага во рамките на импичмент на Бајден“, пишува весникот.

Републиканците, преку Комисијата за надзор на долниот дом, водат истрага што се обидува да утврди за наводна вклученост на американскиот лидер во бизнис-операции на свои роднини кои наводно ја злоупотребиле неговата позиција во власта за милионски добивки низ земји како Кина, Украина и Русија.

Синот на Бајден, Хантер, беше повикан да сведочи од самиот конгресмен Џејмс Комер, кој ја предводи комисијата. Адвокатите побараа сведочењето да биде отворено за јавноста, откако го обвинија Комер за селективно протекување информации со другите сведоци кои сведочат зад затворени врати.

Комер сè уште нема одлучено дали сведочењето на Бајден ќе биде отворено за јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…

САД и Велика Британија ги повикаа нивните…

Амбасадата на САД во Бејрут и британската…

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…