Република Српска го подигнат нивото на безбедност по терористичкиот напад во Србија
Министерството за внатрешни работи на Република Српска ги зголеми безбедносните мерки на подрачјето на овој дел од Босна и Херцеговина, особено на јавните места, по денешниот терористички напад на амбасадата на Израел во Белград, при што беше тешко повреден припадник на жандармеријата на МВР Србија.
Од МВР истакнаа дека состојбата на безбедност на подрачјето на ентитетот е задоволителна и дека граѓаните немаат причина за загриженост, но апелираат да пријават секое сомнително однесување во нивната околина. Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Синиша Кара и директорот на полицијата, Синиша Кострешевиќ, се во постојана комуникација со министерот за внатрешни работи и потпретседател на Владата на Србија, Ивица Дачиќ, и со првите луѓе на полицијата на Србија.
Иако нема непосредна закана од сличен напад во Република Српска, наложен е сет на превентивни мерки и интензивирана соработка со другите полициски агенции во смисла на размена на оперативни информации, се вели во соопштението на МВР, пренесе Н1.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…