Рецепт по кој полуде интернетот: Крем супа од 6 главици лук и 1,8 милиони лајкови!

t

Иако на почетокот звучи малку страшно (или импресивно), но ако одлучите да ја подготвите, не плашете се бидејќи станува збор за печени главици кои во рерната се претвораат во благ, карамелизиран крем кој мириса на лук, но не убива со силна арома…

„Шест главици лук“ можеби звучи како старомоден рецепт за протерување на вампири, но станува збор за рецепт за кремаста супа која собра 1,8 милиони лајкови и повеќе од 12.000 коментари на Тик-Ток.
Авторот на видеото, Foodwithliz, напоменува дека можете слободно да ја намалите количината на лук на четири главици доколку сакате поблага арома.

Состојки за супата:
4-6 главици лук
½ кромид
1 гранче мајчина душица
700 мл супа од зеленчук или пилешка
60 гр пармезан
1 компир (може и повеќе ако сакате погуста супа)
475 мл растително или кравјо млеко по избор
60 мл суво бело вино
крутони и магдонос за посипување
сол, црн пипер

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Исечете ги врвовите на главиците на лукот и прелијте ја внатрешноста со малку маслиново масло и сол. Завиткајте го секој поединечно во алуминиумска фолија и печете од 45 минути до еден час. Кога ќе се испечат, оставете ги да се изладат.
Исечкајте го компирот на коцки и варете ги додека не омекнат (8-10 минути).
Исечкајте го кромидот и пропржете.
Изладениот лук исцедете го од лушпата и префрлете го во блендер.
Додадете го кромидот и парчињата компири и измешајте.
Истурете чаша млеко и мешајте додека смесата не се изедначи.
Префрлете ја смесата во поголемо тенџере и загрејте.
Додадете го преостанатото млеко и супата и мајчината душица.
Истурете го белото вино и варете на тивок оган додека не испари алкохолот.
Помешајте пармезан во супата, а потоа додадете сол и црн пипер по вкус.
По желба додадете парче путер.
Извадете ја мајчината душица и сервирајте ја супата со препечените коцки леб и магдонос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…

По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Трамп даде по 100 долари на 20…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…